fbpx
Епизода 001

Што е ВЕРА а што РАБОТА?

Во првата епизода на поткастот “Вера и работа“ вашите домаќини Филип Димитријевиќ и Игор Матески зборуваат на опширно за идејата позади самиот поткаст и во детали за концептите на вера и работа и нивната поврзаност.

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАTA

00:00:01

Ние сите можеме да не праиме лоши работи, така >> ама тоа ќе значи дека можда нема да праиме ни добри работи. >> А ова другото златното правило вика прави. Едното то правило од конфучие е до некој степен пацифизам. >> Мхм. >> А ова Христовото правило прави добро е баш како што спомна проактивност и подобрување на светот во којшто живееме. >> Да. Баш интересно. Кога ќе станеш денот почнува, ама како ќе гледаме ние после на тој ден и на она што можеме да го да придонесеме во светот едноставно а барем

 

00:00:36

и јас го гледам така што можам денеска корисно и вредно да направам за некој друг и затоа е исклучително потребно на самиот почеток значи пред бизнисот да почни седни отвори ги прашањата на твоите вредности и навистина одговори ги зошто одговори ги запиши ги зошто ради тоа ш ќе дојди сигурно ќе дојди во момент момент во во твоето работење кај што ќе се најдиш така кажано на искушение за секоја од тие твои вредности. Ако е чесност, сигурно ќе дојдиш во ситуација кај ш ќе бидиш во искушение дали да продолжам да бидам

 

00:01:09

чесен >> или да направам мала отстапка за своја материјална корист. >> Здраво на сите и добредојдовте на поткастот Вера. и работа. Ние сме Филип и Игор коишто ќе го водиме овој поткаст и којшто ќе има за цел да ги допринеме, да ги доближиме оние два концепти коишто можеби и некако ги гледаме различни во живеењето и во светот. Верата и работата и каква врска имаат една со друга и како се испреплетуваат една со друга. ќе имате можност да гледате и гости коишто ќе кажуваат за нивните релевантни

 

00:01:55

работни места и нивната вера во работните места и исто така ќе имаме доста интересни стории верувам коишто ќе го задржат и вашето внимание и ќе ви донесат вредност. Сега накратко ќе се претставиме и можеме да почнеме со нашата прва епизода. Игор, здраво. >> Здраво Филип. Ќе сакаш да се претставиш еве ти прв? Да, може ќе го скршиме мразот. Значи јас сум Игор Матески, сопственик на приватна фирма во Охрид. Работиме дигитален маркетинг и веб девелопмент. Веќе 15 и кусур години. Работиме исклучиво со странски клиенти,

 

00:02:34

ама одлучивме дека ќе вработуваме исклучиво наши работници. Така да носиме работа во Македонија од ширум светот. >> Да. Супер. И јас да се претставам. Филип од Скопје, сметководител и исто така проект менаџер во Link Accross, поточно Growbiz програмот којшто го имаме и а така како и што ти што кажа исто и јас сакам да придонесувам во македонската економија, во Македонија едноставно да биде поубаво место за сите нас и се надевам дека со преку некој наш личен пример можеме да го а достигнеме тоа.

 

00:03:13

>> Мхм. Сега како е да се води, кажи ми Игор, приватен бизнис во Македонија? Голем предизвик е. А јас лично сум немал некои големи проблеми со институции, а така да не можам да речам дека климата во Македонија е за никаде, како што за жал е насекаде шо со други со други луѓе коишо со коиш сме праеле муабети. Првото е леле за никаде, леле вакво е, леле такво е. Моето лично искуство е баш спротивно дека сум немал проблем со институции, сум немал проблем со а со државата под наводници. А кај нас

 

00:03:56

поголемите предизвици беа од воспоставувањето на работна култура. >> Мхм. кај што нели ние сме културолошки гледано по источна земја, додека клиентите ни беа западни, се западни и го имаме тој расчекор, културолошки расчекор од типа >> а кога ќе кажеме дека проектот треба да се пушти на тој и тој датум, западот очекува дека баш тогаш треба да се пушти без никакви багови, без никакви проблеми, додека кај нас културата повеќе отприлика на тој датум нешто ќе пуштиме. Да. Да. >> И после ко ќе излезат сите багови, сите

 

00:04:34

проблеми, од тогаш ќе ги решаваме. Така да кај мене повеќе го гледав тој расчекор на на култура за работење, на очекувања, на тоа што значи готов проект. Хм. >> А така да по по би го рекол дека проблемот беше од однесувањето према работата отколку дека во Македонија беше нешто посебно тешко или посебно лесно да се да се тера бизнис. >> Да. Од тој аспект барем кај мене го немаме толку тој предизвик, бидејќи роковите се законски зададени и мора да се запазат. Во спротивно имаш имаш казни, така да ааа тој момент можеме да

 

00:05:12

го да го избегнеме или мораме да го завршиме секако за да се пушти до тој одреден датум потребниот документ до институциите. >> Така. А со тоа со тоа ш мислам дека кај во во твојот бизнис а да ти опслужуваш крајни клиентих >> ама твоето сработено е заправо пред државата. >> Така е. Да. Да. Да. >> Јас она што треба да го направам е клиентот тоа што тој го сработил да го прикажам правилно пред државата на некој начин во оној термин којшто го одредила пред оној термин. По право.

 

00:05:46

Како е да еве да да вработуваш македонски македонци коишто што викаш еве на тој начин некој пат имаат потешкотии во однос на а во однос на таа култура? Бидејќи ти кога комуницираш со некој од страна клиент којшто има очекувања прецизни и точно договорени ние знаеме и голем дел од тие договори се многу слободни кај нас во смисла усмени ајде ќе се договориме ќе ова ааа иако гледам во последни години тоа многу повеќе се заострува и многу повеќе се внимава како би било а како било твоето искуство или дали некој пат

 

00:06:30

си имал некоја негативна а ситуација или негативна а работа којашто се случила во однос на тоа соработката со >> странските клиенти >> така ааа некои лоши ситуации сме немале и мислам дека тука повеќе благодарение на тоа што јас веќе долги години уназад бев во директен и скоро секојдневен контакт со Американци. >> Мхм. >> Така да а таа моја балканштина на некој начин се се посреди веќе пред додека пред да влезам во во бизнисот. Така да сме немале некои сериозни големи проблеми. повеќе биле некои ситници на

 

00:07:12

>> ааа ние ги стававме во кутија на недоразбирања, ама тие сепак беа наши различни пристапи према пак пред све према тоа што значи да е готов проектот и што значи да се пушти на тој и тој датум. Ааа поголеми проблеми сме имале да речам со самите вработени. >> Мхм. Идејата мене ми беше дека јас уште од сам почеток ќе земам луѓе коишто се без работно искуство, коишто се тази дипломирани, дали графички дизајнери или новинари или софтвер девелопери, а кај што теоријата, работната теорија тогаш

 

00:07:45

ми беше дека а децата коишто ќе излезат од факултет ќе се неизвалкани или некорумпирани од работната атмосфера во Македонија. Иако ништо друго дека ќе почнам од една позитивна нула и дека од таа позитивна нула на култура за работење дека само ќе градам према горе. Значи очекував дека ќе најдам луѓе коишто немаат негативна а перспектива према према работата. >> Работата. А за жал она што го приметив скоро скоро одма ко почнав да ги вработувам луѓето беше дека тие иако се иако се без еден ден работен стаж, тие

 

00:08:21

веќе имаат некаква негативна а негативно расположение према работата >> и таа моја таа моја идеја или очекување дека ќе бидам дека ќе бидиме на позитивна нула уствари испадна дека не е така, дека сме далеку испод таа нула, дека сме веќе во црвено влезени и дека веќе веќе имам некои нави навики и размислувања и ставови коишто треба да се менуваат. >> Така да тоа ми беше така најголемото а изненадување, непријатност. >> Така да тоа тоа беше пак сепак со нашите луѓе. >> Да. Она што го кажа интересно во однос

 

00:08:56

на како ја гледаме ние работата, зашто честопати еве и на интернет гледам честопати ни се презентира таа таа тема како мака е, мачно е да работиш зошто да работиш од 9: до 5т јас ќе ти понудам полесен начин и луѓето продаваат разноразни курсеви, методи како ќе работиш само два часа и ќе заработиш месечна плата и ќе живееш негде на остров или на плажа. и им успева веројатно и тие луѓе коишто ги продаваат тие курсеви, тие обуки, они го живеат можеби тој начин, бидејќи има луѓе коишто веруваат дека работењето е

 

00:09:35

мака и дека а можат со тој курс, со тој тренинг да го живеат оној живот којшто би сакале да го живеат. Но го гледам проблемот тука можеби во она ааа што го кажа и ти како да гледаме на работата, дали ја гледаме работата како нешто што е мачно, морам сега да го завршам или дали има други размислувања во однос на работата, дали има знам дека ти многу имаш читано и размислувано во во таа сфера теологија на работа каде што а работата има многу поголема смисла отколку Само да преживеам и само да денеска ќе си го завршам. Ќе дојде

 

00:10:19

петок, еве можам да отидам викенд да прошетам, да уживам. Понеделник пак ќе се мачам. Како да го промениме тоа? Како да имаме различен различен различно гледање на на тоа? Дали имаш некоја идеја и како тебе ти помогнало да не ја гледаш маката на секојдневното станување сабајле и работење? >> Ух. А огромно прашање. А мислам дека ќе ни треба цела сезона на поткасти да ги да ги објасниме сите тие прашања и сите компоненти што ги покрена. Ама сега барем на кратко во во ептен во кратки црти чисто само да ги чепниме тие

 

00:10:57

проблеми. >> Да. А дали има други размислувања за работа? За жал, од она што го имам видено кај нас во Македонија, а и од муабети ш ги имам праено и со луѓе од Србија и од Бугарија и од Хрватска, горе-долу расположението значи на таа наша бивша Југославија или таа Источна Европа отприлика е тоа. Работата е некоја мака, некоја проклетија, нешто ш ти мораш да го работиш, да го направиш, ш ти е наметнато >> на сметка на твојата слобода. Така да имам приметено дека луѓето ќе ќе гледаат работата и слободата, личната слобода

 

00:11:34

како како две спротиставени работи дека ти не можеш да бидиш слободен човек со одека работиш. >> Мхм. >> И кога ќе престаниш да работиш, тек тогаш си слободен човек. А за разлика значи од од тоа такво размислување на работата како живот во робија х >> на запад имам приметено посебно преку разговори со клиентите дека на работа на работата се гледа како на нешто што е исконско длабоко мое >> Мхм. >> Коешто јас го работам ама како што тоа нешто го работам тоа ми праи нешто и

 

00:12:08

мене. >> Мхм. дека моето снажно и професионално работење мене ме менува внатрешно и дека јас преку таа работа се обогатувам, станувам подобар човек од една страна, од друга страна покорисен човек за општеството. >> Така >> ааа тој западен пристап на работа е дијаметрално спротивен од она што го гледам кај нас. А како тоа би се решило? Па мислам дека баш преку вакви разговори како ш ги имаме на на овој поткаст >> се надевам дека тоа ќе биде некој наш мал придонес >> за да ако ништо друго барем да поставиме

 

00:12:45

добра дијагноза. пошто гледам кај кај македонски фирми дека се трошат многу пари на тимбилдинг, на обуки за ова, за она, на шетања, на излегување на кафе, на пијачки, на јадење а како тим и тие сите работи се океј, ама преку тие работи како фирмите да се мака да мача да го убедат своето да ги убедат своите вработени да работат повеќе. >> Мхм. А не гледаме, не согледуваме, не препознаваме дека проблемот е во тоа како ние го сфаќаме работењето, дека ние го сфаќаме работењето како робјаштво и нема шо ние да напраиме, да го

 

00:13:26

напраиме за да ги натераме луѓето коишто се вработени со уживање да работаат. >> Да. и испаѓа дека целата таа индустрија на на тим билдинг е како да сакаме да ги убедиме луѓето коишто се затворени во работата да уживаат во во тој свој затвор. А не е можно. >> Мхм. >> И и се надевам дека преку овој наш поткаст ние ќе покажеме една добра дијагноза дека не работата не е робија, а работата е нешто сосема друго. А што све работата може да биде ќе го разгламе. >> Да. на на долго и нашироко и последниот

 

00:14:03

последната компонента шо шо од прашањето како јас го решавам тоа мое станување од од сабајле а порано ми беше потешко а сега последниве години благодарение на тоа што сум татко со дете коешто веќе оди на школо морам да станам така е да [смеа] >> и шом стани е тоа денот почнува >> почнува да >> и како ќе баш интересно кога ќе станеш денот почнува ама како ќе гледаме ние после на тој ден и на на она што можеме да го да придонесеме во светот. Едноставно а барем и јас го гледам така

 

00:14:37

што можам денеска корисно и вредно да направам за некој друг нели да му послужам на некој друг да му помогнам на некој друг и да верувам е тешко прашање доста и за млади. Јас гледам многу луѓе коишто се преквалификуваат одат во други индустрии поради тоа што можеби им нуди пофлексибилен начин на живот, работа од дома или работа од од каде сакаш, повисоки примања, но сепак сум го приметил тоа дека повторно кај тие луѓе ќе се јави она можеби празнина и а нас обично брзо ни издосадуваат сите работи. Ќе земеш некоја нова кола ќе те

 

00:15:18

издосади. ќе земеш нешто друго ново, точак или што и да е, повторно ќе те издосади. истото е мислам дека и со работата доколку не го најдеме она вистинскиот внатрешен порив или мотиватор што ќе не бутка напред ќе биде секојпат секој пат нешто што ќе а не спречува да имаме правилен правилен поглед на работата >> и да претпоставувам и некој пат може да биде и доколку имаш еве претпоставен дали е директор дали е некој некој шеф или што и да е, некој претпоставен којшто можеби е а негативно ќе ти влијае на целиот тој

 

00:16:00

работен процес или емоционално. Знам многу луѓе коишто се емоционално она потрошени кога одат на работа. Они сакаат да допринесат, сакаат да направат нешто добро, но емоционално они се многу потрошени, бидејќи сите оние врски коишто се случуваат, сите оние односи во фирмата или однос со претпоставените може да биде >> многу проблематичен и тоа е на некое повисоко систематско ниво што треба да се работи на општествено ниво. Како што кажа, можеби ние овде повеќе гледаме на работата како мачење, а не го гледаме

 

00:16:36

она што можеме да креираме денеска за другиот. >> Мхм. А ми се свиѓаше ова како го кажа дека денеска кога јас ќе почнам да работам дека а резултатот на тоа мое работење треба да биде некакво добро за некого. >> Да. и ми е интересно за баш баш од таа перспектива ш ја имаш како како сметководител дека да твоето работење е да му послужиш на својот клиент ама од друга страна ти со тоа твое добро работење како сметководител придонесуваш кон она што на западот се вика општо добро >> хм

 

00:17:10

>> дека а со твоето следење на законите ти уствари допринесуваш да во државава воспоставиш некаков ред >> пош знаеме на кој начин А се се размислува овдека дека скрати од данокот, скрати од ова, скрати од она и и цело време работењето на на приватникот се сведува на грабање. >> Да. >> Коеш ако сите грабаме после некое време ќе ќе дојдеме во ситуација кај што она нашето заедничко добро е скроз разграбано и веќе нема шо да се граба. >> Да. Да. Види тоа мислам се поврзува и со

 

00:17:42

многу нешта. А ајде покрај тоа да и во и во таа работа, но и едноставно кога треба да поминеш еве технички преглед на колата, имам таму пријател ќе го пројдам и ти утре одиш со да речеме небезбедно возило. Возиш и одиш на улица каде што можеш не дај боже да предизвикаш нешто. И тука една целиот еден таков систем којшто гледаме полесен отпор. Ајде бе знам ова може да пројде. Ајде бе, тука имам имам дете, имам човек ќе пројде, ќе се заврши таа работа и а целиот тој начин на функционирање едноставно

 

00:18:20

се поврзува на еден систем којшто е стабилен ако ти те пушти некој на технички со возило со неисправна рачна или со кочници или што и да е >> и во тој случај ти ризикуваш да одиш нели во на во сообраќај со неисправно возило. То е исто и со све друго со неисправни а не знам еве да речеме со некои не ми текнува некоја идеја ама може да се појави со многу работи или кога градиме нешто доколку не се искористи правилен тип на на бетон, на цемент, на сите оние работи >> коишто се потребни за градење тогаш

 

00:18:59

ризикуваме. Ако основата не ни е силна и не е изградена на правилна основа, тогаш може да да падне целата градба. И она што ми се допаѓа а во Библијата што го пишува е кога почнуваш да градиш нешто, кога почнуваш да градиш куќа, прво пресметај колку можеш, како можеш и изгради ги темелите на цврста основа да ги изградиш >> и твојот бизнис и мојот бизнис и што и она да го правиме. Прво да ги имаме нели оние онаа цврста основа којашто ќе ни помогне врз тоа да можеме да градиме и да напредуваме.

 

00:19:35

>> А да, мислам дека тоа е баш слично на на тоа општото добро ш го ш го спомнавме прееска, >> а што на западот го има, кај нас го нема како аа >> како начин на размислување. Ние мислам дека го неаме во во нашиот во во нашето секојдневно разговарање ние неаме идеја на општо добро. >> Мхм. >> Кај што бизнисот или или сопственикот на бизнисот а го води својот бизнис и бизни и поентата на успешниот бизнис е само материјално подобрување, материјал материјална бенефит на сопственикот, а

 

00:20:12

не придонесување за општото добро. Прво со значи добри услуги ето ги спомна >> ааа го спомна градењето. Значи имаме ние и ете и во Охрид и во и во Скопје имаме експлозија >> на на градежниов сектор кај што поентата е да се направат ш е можно по повеќе станови по поевтина цена да се продаат шо е можно по повисока цена. А дали комуналиите се тука, дали паркингот е тука, еве сега вртев околу за да најдам паркинг ради тоа што секоја куќа којашто беше овдека сеа стана мини зграда. >> Инфраструктурата не може да одговори на

 

00:20:51

на тоа брзо грабање за профит. >> Да. Да. >> Ааа и се надевам дека со со нашиовкаст баш и ќе и ќе почнеме да чепкаме на темата кој е кои се резултатите од нашето работење. Дека не можа да бидат само ја да да заработам повеќе пари. >> Да. Мислам дека слушав едно предавање кај шо уз шала беше кажано. Па ако на поентата на бизнисот е само да се заработат пари, ајде тогаш сите да бидиме криумчари со >> дрога или со не знам шо. Пошо тука имаш ептен голем профит, >> ама ниту еден човек со здрав разум нема

 

00:21:24

да речи да ајде сите така да праиме. >> Значи има една димензија во бизнисот, во работењето коешто кај нас не се спомнува, а сепак треба да почнеме да ја спомнуваме и се надевам ние ќе сме ајде да го скршиме мразот. >> Да, да, да. доста потребна а тема, но сум приметил во последно време барем и преку нашава гробис програма дека има се повеќе луѓе коишто млади и повозрасни би рекол луѓе коишто сакаат да започнат нешто свое и дел од меѓу првите прашања со коишто почнува почнуваме се вредностите на

 

00:22:00

коишто се заснова твој бизни твојот бизнис >> и зошто си во бизнис и тоа е на некој начин да му помогнеме на оној којшто ќе отвори сопствен бизнис и ќе ја реализира својата идеја да му помогнеме да размисли а зошто јас го почнувам овој бизнис да профитабилен дел сам свој газда но сепак и сето тоа си носи доста последици и одговорности кон тоа но сепак подлабокото зошто и кои се твоите вредности коишто ти ќе ги внесеш во бизнисот и многу интересно доаѓаат сите до еден заклучок дека па моите Моите

 

00:22:36

лични вредности јас ги префрлам во бизнисот и јас каков што сум како личност сакам и мојот бизнис да биде одраз. Зошто јас ако кажам а јас не сакам да лажам, не сакам да крадам, не сакам да да мамам во бизнисот, нема да го правиш тоа. Ако тие се твои лични >> внатрешни вредности што ги носиш. Значи многу интересно е за а кога ги поминуваме овие теми, кога разговараме дека се доаѓа до тој заклучок и најчесто можам да кажам дека сите голем дел од нашите клиенти не го ни размислиле тоа прашање за вредностите во нивниот бизнис

 

00:23:15

и целта којашто сака да ја исполни бизнисот. И многу интересно е што еве има и многу други колеги коишто работат во во тие отпочнување нови бизниси, менторирање, коучинг, стартапи и сето тоа и се помалку се врзува она да си се вработам ја државно па после нека нека тера а животов јас да си влезам таму да добијам решение и тоа е тоа. до пензионирање сум таму и гледам дека многу поголем дел од младите што е за што е охрабрувачки и мотивирачки да се работи и повеќе е дека се одлучуваат за сопствен бизнис или се одлучуваат да

 

00:23:54

влезат во дејност каде што а не е само јас ќе влезам на државно и тоа е сеа сум си безбеден туку сакам да направам нешто повеќе барам смисла многу луѓе бараат смисла во својата работа којашто се врзува со смислата во животот А да се сеќавам на на почетоците на баш на Гробис програмата кај што имавме мислам дека беа осум како главни поглавја што требаше секој бизнис да ги помине и инсистирањето >> а можда непријатно од моја страна ш на инсистирањето ама чекај треба да го вметниме прашањето зошто влегуваш во

 

00:24:30

бизнис >> ааа добро е да слушнам дека помладиве луѓе сега веќе кога ќе почнат бизнис размислуваат дека тој мој бизнис ќе е некаква надворешна слика на моето аа од искуство што имам приметено е дека ако младиот човек на сам почеток не ги постави или не биде предизвикан со правите прашања а понатаму кога ќе кога ќе дојде ситуација да ааа да се носат некакви одлуки човекот по некој автоматизам ќе почне да ги работите што се праат околу него ааа и затоа е исклучително потребно на самиот почеток, значи пред бизнисот да почни,

 

00:25:13

седни, отвори ги прашањата на твоите вредности и навистина одговори ги. Зошто? Одговори ги, запиши ги. Зошто? Ради тоа што ќе дојди, сигурно ќе дојди во момент во во твоето работење кајшто ќе се најдиш така кажано на искушение за секоја од тие твои вредности. Ако е чесност, сигурно ќе дојдиш во ситуација кај ш ќе бидиш во искушение дали да продолжам да бидам чесен >> или да направам мала отстапка за своја материјална корист или а ако е третирање на своите вработени ферх >> сигурно ќеш во ситуација кај што ќе се

 

00:25:48

најдиш кајшто ќе сакаш да згазиш преку другиот >> за своја корист или да се да си го заштитиш бизнисот >> ако не ги имаш запишано тие твои заповеди за тоа како ќе се однесуваш ќе дојде време кога ќе треба да ги газиш, а кога ќе се запишани малку потешко ќе се газат. >> Така е. Така е. Кај нас доста се врзуваат и оние моменти со снаоѓање. Абе се снајде, се снајде. Е добро му е се снајде. Добро е се снајде. Да можеби снаодливоста е добра, но дали на долг рок таа снаодливост би била и што всушност значи

 

00:26:27

се снајде? Не знам. Јас не го разбирам некој пат тоа се снајде. дали е најдов врска таму па ми помогна и се снајдов или на некој неубав начин сум влегол негде сум завршил некоја работа и се снајдов или дали таа работа јас сум ја заслужил, дали јас сум учел доволно за таа работа, дали јас сум се трудел доволно >> за таа работа отколку само се снајде? Можеби кај нас е таа култура многу позачестена во смисла се снајде, имаше таму човек го бутнаа, влезе и а сега му е во ред се снајде, но верувам дека

 

00:27:05

доаѓа време кога тоа тој збор или тој метод на снаоѓање нема да донесе дејност, нема да донесе вредност долгорочна, пошто ти не може ако е некој хирург да биде се снајде, он влезе и ќе биде хирург. Мораш да знаеш шо правиш како хирург. Како и во секоја друга работа и автомеханичар и и клучар и што и да е, >> мораш да имаш за тоа некои вештини за да можеш да влезеш и да работиш и така би требало да биде. секоја работа којашто се прави да не биде на основа на снаоѓање, туку да биде на основа на

 

00:27:42

вештини >> и веројатно повторно доаѓа до оние лични вредности коишто ги имаме дека јас сакам ако сум за таа работа способен и да сум неспособен ќе бидам покрај некој којшто е способен којшто ќе ми помогне. Никој не се родил учен и никој не се родил школован и со вештини, него ќе стојам, ќе работам покрај него и ќе учам од некој којшто му се восхитува можеби или би сакал да бидам а како него еден ден. Така да тоа е едно нешто и во менторирањето што јас го гледам во коучингот дека да стварно учиме од луѓе

 

00:28:19

коишто достигнале некои успеси и се многу по попаметни или поискусни во моментот од нас и учиме нели од нив. Добро, затоа со учењето од другите тоа е битно, а пред све учење од туѓите грешки за да не мораме ние да ги повторуваме. Со тоа ш мислам дека беше професор Стаматоски од Микросам. Барем него му е препишана идејата дека ако учиме од иста книга не можам да се согласам дека другиот ќе е попаметен од мене. >> Зошто? Ради тоа шо учиме од иста книга. Така. >> А тој другиот не е нешто поголем или

 

00:29:02

почовек од мене. Значи сме на на некое исто ниво >> ама барем да учиме и а идејата за за ете го спомнаа и и хирурзите и клучарите. А некогаш во животот ќе мораш да се да го грабниш животот. >> Мхм. >> А со тоа што тоа грабање на животот треба да биде во ситуација да ти се докажиш дека си подобар од другиот, ама не да се снајдиш. со тоа шо ќе влезиш ради тоа што си поголем лакташ и уствари си носиш себеси штета, му носиш штета на тој другиот којшто бил подобар и и во краен случај го оштетуваш

 

00:29:41

општеството со тоа што ти стануваш >> или клучар или хирург, а не си баш остручен за таа работа што ја работиш. А мислам дека кај нас е таа идејата за снаоѓање а е за да го да изградиме живот со помал отпор, како маката во животот да е нешто од коешто треба да се бега, а не сме свесни дека сме дошле на овој свет преку маката на нашата мајка којашто се породила, нели, значи од самиот почеток >> од самото раѓање животот >> не е бајка. >> Мхм. животот и е борба и погрешните

 

00:30:20

очекувања од животот дека животот треба да биде а лесен, без проблеми, без предизвици, а изгледа кај нас има изградено некоја идеја дека треба по било која цена да се снајдиме под наводници, >> па дури и ако тоа значи дека ете хирургот ќе во незнаење ќе убива наместо да да лечи. Да. Да се согласувам, но кај нас честопати влијание има и политичката определба и тоа е нешто што е многу може да ти го да влијае на твојот тек на животот и професионален развој и кариера. Ааа не знам колку е тоа застапено во во

 

00:31:11

други земји, во западни земји па и источни земји. колку е тоа застапено од твојата политичка припадност или активираност, но сите знаеме кај нас дека е доста застапена и дека честопати се поврзува со сите тие концепти на знае, на снаоѓање, на врски, на познанства коишто да сега е тој од таа и таа партија. Он ќе влезе наместо некој којшто можеби е стручен и повторно се вртиме во оној круг, во оној круг и не излегуваме. Па за жал да испаѓа дека целата држава е потчинета на на политиката. >> А баш баш разгледував една книга why

 

00:31:59

Nations fail >> х >> напишано од двајца економисти, професори по политичка економија, не се сеќавам точно кај беа. Идејата тука беше дека а не можеме ние да имаме уредено општество без политика, без државен апарат. Ама државниот апарат па од друга страна не треба да биде цицач на економијата кај што економијата мака мачи за да опстојува, >> а политиката е тука само да ги испумпува, да ја испумпува вредноста од економијата. Идејата кај професорите беше дека нациите коишто пропаѓаат,

 

00:32:31

пропаѓаат ради тоа што имате економија којашто е затворена, којашто не е отворена за иновација, во којашто не може да влезе било кој, а од друга страна имате политика којашто на економската на на економскиот успех предаторски настапува. И сеа мислам дека кај нас имаме некои некој некоја чудна клима на економија во којашто не баш секој може да влезе толку лесно. >> Мхм. Нели ги имате минимумите за отварање на фирма, основачкиот капитал, ако е некаков услужна дејност, на пример некое ресторанче, значи тие тоа ресторанче

 

00:33:10

треба да има не знам каква кујна, по хаса, по ова, по >> и она кога ќе ги собере човек сите работи колку е потребно за да влези во некој бизнис ќе речи па години ќе ми треба да го направам овој бизнис. Тие коиш ќе се осмелат да го отворат, ајде го зедов ресторанот како пример. После тоа има предизвици со пазарни инспекции, со >> санитарни инспекции коишто океј да дојдат и да проверат, да ги уочат недостатоците и да му да му кажат на газдата еј ова треба да го средиш. Ама државниот барем од она што го имам

 

00:33:43

слушано државниот апарат настапува како рекет. Така >> кај шо ти ради тоа шо не знам а прекидачот во скриената врата во кујната ти е не е спрема >> некои стандарди ради тоа сеа ти треба да платиш не знам какви цифри да >> и испаѓа работата дека ќе се осудат да отворат ајде ресторан или тие коиш имаат претерано многу пари а не знаеме како ги заработиле >> или пак тие коишто се доволно блиски до до државниот апарат за да знаат >> еј на тој и тој ден иде тој тој и тој

 

00:34:15

човек вака и вака ќе постапиш и решена работа. >> Да, да, да те разбирам. А во последно време сум видел дека се изречени неколку опомени во смисла за некои работи коишто барем кај кај фирми во некои разговори каде што да имало некој пропуст којшто бил од незнаење или немало доволна информираност каде што еве општеството или таа институција може да работи да донесе поголемо известување или поголема информираност на тој што сака да отвори бизнис кој се неговите обврски. Гледам дека има иницијатива за

 

00:34:54

подобрување на тоа, но >> да ааа сепак мора да ги има тие нели стандарди коишто мора да се да се задржат и се стварно многу и доаѓа моментот на информираност каде што државата ќе има не знам на кој начин ќе може да ги информира. сакаш да отвориш кафанче, имаш таков правилник, овој правилник за вработени, за хигиена, агенција за храна, значи сето тоа што е потребно да може да се а заврши како што треба и гледам дека има подобрување и движења во таа насока, пошто ги гледам секојдневно тие работи. Можеби кај тебе

 

00:35:32

не ти се а не ти се предочи толку многу со твојата дејност, али јас ги гледам дека има некое подобрување. Сепак зависи секогаш до личниот ааа капацитет или она што сака оној којшто го контролира во моментот а неговата желба или како сака да направи. Но во глобала гледам некое а подобрување во таа сфера и во однос на корупција таа постои секаде не дека не постои. Еве гледаме колку скандали има и во во Америка што се врзуваат со високи политички функционери. Знам дека каде беше во Германија а директорот дали на

 

00:36:18

Audi беше на која отиде дури и во затвор поради прикривање на она колку имало емисии од >> од Volksваген од автомобилите значи прикривање на емисиите. Така да сегде, секогаш човекот кај што има шанса, мислам дека Макијавели го имаше кажано тоа дека а кога има шанса значи некој ќе се ќе се приклучи и ќе ја зграби таа шанса. Но оној којшто нема да ја види таа шанса се смета себеси за чесен човек. Значи тој некој човек оди на работа, ако му се укаже шанса за нешто да направи ќе ја зграби, ќе ја

 

00:36:54

земе таа шанса. Оној којшто нема шанса ќе каже па јас сум си чесен, јас сум добар човек, чесен сум. Еве во тој случај гледаме имало шанса ќе ги намалиме емисиите, ќе ги прикажеме различно. Не дека не се случуваат тие коруптивни настани и таму, ама кај нас се на многу ниско ниво, на многу мислам насекаде можеш да да видиш дека ќе се случи некој тип на на корупција што можеби за обичниот граѓанин во Западна Европа, во Америка е недостижно, но во високите кругови верувам дека и те како а се врзува или се случува тоа и

 

00:37:33

повторно се враќаме на оние лични вредности и лични уверувања. А дали веруваш дека тоа што го правиш не е етички, не е морално и му наштетуваш на општеството и наштетуваш на некој друг. Така да повторно се враќа до оној круг на сопствени верувања. А интересно ми е ш го спомна Макија Вели пошо нели идејата кај него беше дека таа негова позната изјава дека целта ги оправдува средствата дека тој уствари ја има свесно напишано >> како начин да му се умилкува на не знам точно кој беше од водечките фамилии дали

 

00:38:09

беа медич или не знам не не не се не е битно името не сум сигурен ама идејата беше дека Макиавелија ја пишува книгата со цел да ги да му се умилкува на воде на водачката а фамилија надевајќи се дека тие ќе го вработат да биде тој советник во градот од да речам како нивни претставник. Ама кога ја прочитале книгата, самите тие водачи коишто Маке вели ги смета за корумпирани викаат не >> ова ова не е сликата на која ние сакаме светот да не познава и уствари се дистанцираат >> и она што требало да да го лансира

 

00:38:47

аквели во во а поуспешна јавна функција уствари го го сериозно го уназадило ради тоа што и во тоа време луѓето сепак дури и тие бескрукулозни ааа сопственици на градот имале некаков срам. Ајде да кажеме дека >> не можеме ние да настапиме со идејата дека целта ќе ги оправда средствата па ќе газиме или ќе праиме све што сакаме. Да, да, да. Кај нас мислам не знам сеа да да па да да не плукаме премногу на она што е наше само ради тоа што е наше. >> Така. А се согласувам дека во Македонија

 

00:39:24

последниве 10 години има голем напредок од тоа, посебно од јавните институции како се како >> а пристапуваат према према малите фирми. Х >> не можам да зборам према големите како е пошо не сме таму. >> Да. А мадашо мислам го дефинитивно да го пофалиме секој секој секој обид да се подобрат работите ама во исто во во исто време да кажеме дека јавните институции имаат уште простор за работа. Еве пример ми падна во во очи >> а дали беше данок на имот или беше некаква давачка беше

 

00:40:03

>> и сеа нели градот во мојот случај беше градот Охрид >> Мхм. И сеа од градот Охрид јас добив известување дека треба да го платам данокот. Арно ама колку што се сеќавам беше документот кај што не пишуваше известување или решение, пишеше опомена. >> Опомена >> и она чекај малку за што ме опоменуваш? Ако ова е прв твој контакт со мене оваа година тогаш ти на основ на што ме опоменуваш? >> Така е. >> Или пак и со големи букви напишано, па со извичници. Да, >> да,

 

00:40:32

>> спуштете малку реторика на на тој пристап на на јавните институции. Мислам дека треба доста да омекне. >> Мхм. >> И јавните институции да сфатат дека ние не сме на на не сме ние на спротивставени страни дека не е јавната институција против приватниот бизнис. Сега засега мислам дека е, ама тоа треба да се поправи >> ради тоа ш ако немаше приватен бизнис јавниот сектор немаше да нема од кај да функционира. Ние неаме нафтени полиња или златни рудници или било што >> како ш има Русија па ќе го експлоатираме

 

00:41:06

она што Господ ни го дал >> и на сметка на тоа ќе газиме по по тие коишо сакаат некаква економска активност да направат. >> А кога тоа ќе се деси немам појма >> да >> а мислам дека и ние како како ааа рамноправни граѓани во демократска земја можеме да го покрениме прашањето и да кажеме е ова супер е ама ова ваму не чини. Значи има има место за подобрување и да пак ќе се врати на тоа ааа и поединецот и групата во или тимот во којшто работи кои се вредностите >> и ако веќе прашуваме за вредности ааа

 

00:41:44

можда ќе дојдеме во ситуација како ш мислам дека беше во Англија на една дебата кај што се покрена прашањето дека треба да се вратиме на традиционалните вредности и контрапрашање политичка дебата беше >> и контрапрашање беше а чии и вредности ќе ќе форсираме. >> Така да ние како народ којшто велиме Македонија ето е територија за држава на на различни ааа народи >> Мхм. Имаме различни култури, ама сепак некакви допирни точки треба да имаме, некакви некаква а база заедничка треба да имаме кај што ќе се согласиме

 

00:42:25

дека а не е океј да се оштетува државата во којашто живееш, не е океј да го крадиш бизнисот од којшто јадиш леб, >> а не е океј да ги газиш луѓето коиш го овозможуваат твоето работење, >> ама тоа се еден куп теми коиш шо имаме бајаги за ш да праиме муабет. >> Така е. Добро, во однос на тоа да доста зборевме за доста различни работи, за вредности најчесто на што се основаат твоите вредности ааа по коишто ти живееш, ја водиш својата фирма, работиш, комуницираш со луѓето? Кои се, која е

 

00:43:02

основата на твоите вредности? >> Народно кажано би рекол дека сакам еснафлук. Тоа е нели турски збор од еснафите на времето шо биле уствари здруженија на мали занаетчии кај што се договарале начините на работење. Се договарало дека ќе има некој којшто прв ќе дојде во чаршијата, ќе се ќе се осигура дека сите мали продавничиња си се тука, дека нема >> уништување на на заедничкиот имот, дека нема некој да се шири на сметка на другиот. А значи во така со еден збор би рекол дека вредностите би произлегувале од тој

 

00:43:40

еснафлук. ниво под тој еснафлук мислам дека пак би се вратиле иако еснафлукот нели е турски турски термин а и самиот ислам мислам дека ќе не донесе назад до до до до тој монотеистички начин на размислување >> хм >> кај што ние како како луѓе признаваме дека ние сме создадени од некој којшто е над нас и дека ние сме пуштени овдека на земјава како некои а аген агенти на подобрување на земјата, кај што нашето работење не треба да биде на на а на сметка на на планетата. Значи ние нема да се изживуваме со со ресурсите коишто

 

00:44:24

ни се такаречено од Бога дадени. Нема да се изживуваме со ближниот тој што е до нас, иако тој ни е вработен или иако тој ни е дури и конкурент. >> Мхм. А значи чесноста на работењето би рекол дека го го а се обидувам да живеам а онака како што Библијата нас ни налага за живот. Не тврдам дека во секој момент таков сум, ама ааа сакам да се стремам а можда можда таа јудеоохристијанска монотеистичка идеја за а за тоа кој е човекот, што е работа, а како ние го подобруваме светот ааа тие се можда

 

00:45:15

идеали, можда тоа некогаш во бесконечноста ќе го ќе го досегниме, ама сепак иако денеска не можеме да го досегниме, барем барем гаѓаме во таа цел. >> Да. >> Така да би рекол дека моите вредности барем на некое теоретско, а до некогаш и до и до практично ниво се христијански. Ааа и да, прости ми боже за сите тие моменти кога ќе згрешам. >> Да. Кога нема да ги >> кога нема да можам да одолеам на тие искушенија. >> Така е. Така е. Да. Мене ми се допаѓа многу и она од Библијата каде што вика а

 

00:45:55

прави му го на другиот она што сакаш тебе да ти го прават како златно правило >> коешто не тера на една проактивност којашто не тера да >> а ако да сакам едноставно да ти направам кафе, да ти дадам кафе или да ти дадам добра услуга или да да ти помогнам со нешто и ако тргнувам од тоа ако тргнам од тој момент аа ако размислувам Да би било убаво некој ако на тој начин ми направи на мене јас ќе го направам тоа без да очекувам дали некогаш ќе го направи или не. >> А сепак работното место, фамилијата,

 

00:46:30

пријателските кругови би биле едно подобро место за живеење и функционирање. >> Да. И и добро е ова шо шо го спомна дека тоа сепак е златното. Прави го прави му го нештото што сакаш. А од друга нели е народно попозната изрека мислам дека беше од Конфучија. не му го прави она што не сакаш тебе да ти го праат. >> Шо и тие се многу различни уствари. >> А ние сите можеме да не праиме лоши работи, >> така >> ама тоа ќе значи дека можда нема да праиме ни добри работи. >> А ова другото златното правило вика

 

00:47:04

прави го. А е едното тоа кон правило од конфучие е до некој степен пацифизам. >> Мхм. А ова Христовото правило прави добро е баш како што спомна проактивност и подобрување на светот во којшто живееме >> без да очекуваме дека некој нешто нам треба да да ни плати и мислам дека тука веќе би ја чепнале идејата за тоа зошто постоиме и зошто работиме. дека моето постоење не е не е само заради мене, дека јас имам некои внатрешни квалитети, некои свои интереси, некои свои способности коишто ми се интересите

 

00:47:42

можда ми се од Бога дадени, а мојот придонес е да ги развијам тие интереси со тоа ш имам едно добро преклопување измеѓу она што ми е дадено и она што го гледам во општеството дека фали. Така да моите дарби можам да ги дадам во тоа општество >> и до некаде можда ова е антиимиграциски став х >> кај што не случајно сме ние овде и ако ние постојано имаме тој брејнд дрејн ш го викаме па не е чудо дека нашата држава се мачи >> а некои странски странски држави ќе просперираат ради тоа ш тој наш интеле

 

00:48:16

тоа наше интелектуално одливање од државата во во Македонија ќе направи некој вакуум којшто нема на кој начин да биде пополнет и тогаш не чинел ова, не чинел она. Па да, врати се и поправи го. >> Така е. Така е. Има голем број, сум сретнал доста луѓе коишто се вратиле, научиле некои нови виштини, некое ново функционирање и постои тој тренд на на враќање. Но сепак доколку не сме ние промената којашто сакаме да ја видиме, тешко е да се створи и да се создаде некоја промена и во општеството и во а

 

00:48:51

животот и во делувањето. >> Нека почне од нас самите онаа промена што сакаме да бидеме. >> Да. И би рекол а едно а не розово гледање ама во исто во исти момент и па не црно гледање >> пошто ааа не е Скопје истото што беше пред 20 години или пред 10 години. Мхм. >> Не е Македонија на истото место. Ние имаме дефинитивно напредок >> ааа ама имаме некоја тенденција да плукаме по своето и да го фалиме туѓото. Да. >> И некако ми е жалосно да да треба луѓето да заминат од Македонија да видат како е

 

00:49:26

да бидиш надвор некаде да се судрат прво со културолошките проблеми шо шо секој Македонец ќе ги има. Значи да дојде после пладне ти да немаш на кого да му се јавиш за на кафе да излезиш и после некое време да не сакаш да излезеш на кафе. Па тоа е како обезличување за коешто Маркс зборува во тој капитализам кајш човекот престанува да биде поединец. Хм. >> Аа и јас сакам и со нашиовкаст ние да да ги потсетиме луѓето дека еј живееш во место кај што а кај да копниш ќе најдиш вода. Оди некаде не знам а во Америка па

 

00:50:01

треба да се убиеш од бушење во не за и не ни нема ни да смеш да го направиш тоа нешто. Имаме планини, имаме реки, имаме преубава природа. Да треба да се исчисти, треба да престаниме да ја загадуваме, ама ај да престаниме прво да плукаме по тоа што го имаме, па после од добро да се движиме кон подобро. >> Така. Така е. >> Супер. Добро. Драго ми е што денеска можевме да ги отвориме овие теми и да >> ја започнеме оваа прва епизода. ќе ги поканиме да ни се приклучат и оние слушатели коишто ќе го сметаат овој

 

00:50:33

поткаст за нешто интересно и нешто што ќе им донесе вредност. И се гледаме во друга епизода со исто интересни теми и размислувања. >> А да, мислам ние го спремавме овој поткаст како идеја повеќе од година дена ми се чини и еве конечно веќе почнуваме со со првата епизода. ааа само едно потсетување за сите гости и за сите гледачи коишто не гледаат дека ние нема да тврдиме дека ние го знајме дека го имаме блупринтот за за напредок. Ние само велиме дека а имаме некоја појдовна точка, имаме некои идеи за коишто знаеме

 

00:51:12

дека добро е да се разговара, не ги знаеме сите одговори, го знаеме патоказот. тој патоказ покажува во некоја магла во којашто треба да зачекоруваме и и еден повик до сите гледачи аа покрај тоа што би не слушале и би коментирале она на она што го зборуваме да пуштат и свои прашања. Така. >> А многу би било интересно да можеме да видиме со какви прашања а другите луѓе се судираат за да можеме да ги чепниме и нив за да не дојде само дека ние проектираме идеи туку да имаме некаков фидбек и од

 

00:51:47

>> и од слушателите, гледачите. Да, дефинитивно и на нашата веб страна што е позади тебе ќе можат да >> да дознаат повеќе за целиот овој проект, да постават прашања и ги охрабруваме да поставуваат прашања и да се уклучат во целата оваа дебата. што не засега сите нас

 

Отвори Повеќе >

Говорници

igor mateski

Игор Матески

Сопственик на WebMaxFormance
filip dimitrijevikj

Филип Димитријевиќ

Сметководител и Проект Менаџер во LinkAcross

ПОДДРЖАНО ОД

link accross logowmf logo

СЛУШАЈТЕ НЕ НА

ОСТАНАТИ ЕПИЗОДИ

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.